Лига Европа
Куевен постигна страшен гол во Даблин, но Шкупи „изгоре“ во 97. минута (Видео)

Шкупи најави дека сите проблеми при пристигнувањето во Даблин ќе ги преточи во дополнителна мотивација да се оствари позитивен резултат против Шамрок Роверс, па иако македонскиот првак беше многу блиску до поволен резултат за реваншот, на крајот изгоре во 97-та минута.
Тимот на Седлоски многу лошо го отвори мечот на гостувањето во Ирска и прими два гола во првото полувреме, кои на крајот се покажаа како преголема негатива за бркање.
Бурк погоди од пенал по 13 минути игра и резултатот беше 1:0, а пред да се замине па пауза, одбраната на Шкупи капитулираше и по вторпат, а стрелец беше Ватс.
Шкупи заигра доста похрабро во второто полувреме, се одважи и почна да го тестира противничкиот голман, а во една таква ситуација, Куевен постигна спектакуларен гол за 2:1.
Страшната бомба на фудбалерот на Шкупи беше неодбранлива за голманот на Шамрок, кој со својата парада само направи голот да биде уште поатрактивен. Ова се случи во 77-та минута, но седум минути подоцна, имаше нови проблеми за Седлоски бидејќи Хамиди со невнимателен старт се самоисклучи.
Тоа беше втор жолт картон и автоматски црвен, па Шкупи во последните 10-тина минути играше со играч помалку. Со таков распоред на силите, домаќините притиснаа длабоко во судиското продолжение, а О’Нил со прецизен удар погоди за конечни 3:1 во 97-та минута.
-
АТПпред 19 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 16 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 24 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Англијапред 17 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
АТПпред 5 часа
Синер му се реваншираше на Алкарас и го врати Ѓоковиќ на врвот
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку