Шпанија
Кубо претрча 70 метри и постигна спектакуларен гол во Ла Лига (Видео)

Такефуша Кубо веќе подолго време е најдобар играч на Реал Сосиедад, статус кој го оправда и оваа вечер во дербито со кое беше завторено 19-то коло во шпанската Ла Лига.
Реал Сосиедад и Вилјареал одиграа неизвесен и тесен меч на „Аноета“, а главната разлика ја направи Кубо кој режираше фудбалска мајсторија уште на стартот на вториот дел.
Баскијците можат да бидат горди што во своите редови поседуваат фудбалер со квалитети како оние на Кубо, бидејќи поранешниот талент на Реал Мадрид навистина се обидува да направи предност за својот тим на речиси секој меч.
Овојпат претрча 70 метри и издржа два дуела пред да постигне мајсторски гол, но пред да го матира голманот на Вилјареал, продаде и еден „тунел“ во стилот на Лионел Меси.
Всушност, целата соло акција на Јапонецот потсети на славниот Аргентинец, па затоа воодушевени на социјалните мрежи останаа и неутралните фудбалски фанови кои го следеа мечот на „Аноета“.
The Brilliance of Takefusa Kubo pic.twitter.com/VbgqeVoSR7
— GEEDOLZ ✉️ (@geedolz124) January 13, 2025
Just Take Kubo things. pic.twitter.com/j9piQrmtYR
— Fathalli (@FathalliMo) January 13, 2025
-
НБА19 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет16 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Балкан18 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Шпанија15 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони7 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција14 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА14 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Италија13 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста