Поврзете се со нас

Шпанија

Кубарси застана во одбрана на Чави и ги неутрализираше „отровните стрели“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес е голема легенда на БАрселона и како вистински господин си замина од клубот, односно се откажа од цела плата која му следуваше од договорот за да се пренамени истата за новиот тренер.

Иако планот беше и оваа сезона да се почне со него на клупата, Жоан Лапорта се премисли и во една доста чудни услови му врачи отказ на Чави, но за да биде уште полошо, дел од играчите кои ги тренираше дадоа неколку лоши изјави по добрите резултати под водство на Ханси Флик.

Заклучоците дека сега многу повеќе се работи и понапорно се тренира беа директни „отровни стрели“ кон Чави, а бидејќи тоа го изјави и играч како Педри, медиумите доста време се занимаваа со оваа тематика.

Каталонската јавност застана во одбрана на Чави и ги апострофираше сите важни работи кои ги направи тренерот за првиот тим во својата етапа како шеф на стручниот штаб, па сега во таа насока оди и изјавата на Пау Кубарси, момчето кое дебитираше под водство на Ернандес.

– Чави и Ханси се различни тренери. Со Чави исто така се тренираше напорно како сега, но поради одредени причини, работите не излегуваа онака како што сакавме. Сега сме многу добри со Флик и среќни сме што е со нас.

– Чави беше многу важен за нас, секогаш ќе гледам на него како на тренерот кој ми овозможи да дебитирам. Тој е човек кој многу ми помогна, секогаш беше тука за мене. Тој е чиста десетка како човек, на теренот и надвор од него, – вели Кубарси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни