Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кубарси заработи непријатен удар и доби десет конци на лицето, Гави откри како изгледа „воинот“ на Барса (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Пау Кубарси беше принуден предвреме да го заврши мечот со Црвена Звезда и да побара измена од Ханси Флик, сето тоа како последица на непријатниот удар кој го доби во лицето.

Младиот стопер на Барселона заврши со голема расекотина на лицето од крампоните на еден играч на Црвена Звезда, па поради обилното крварење, на теренот беше испратен Серхи Домингез.

„Воинот“ Кубарси нема многу да жали за расекотината од гостувањето во Белград со оглед на тоа што Барса славеше со 2:5, но сепак јасно е дека вечно ќе го памети белегот кој го доби на „Маракана“.

Ханси Флик по крајот на мечот откри дека Кубарси добил дури десет конци на лицето, а Барселона како клуб долови и како изгледал дефанзивецот во соблекувалната.

Видео објави и неговиот соиграч Гави, кој преку социјалните мрежи го претстави Кубарси како фудбалски воин.

Видеото од стартот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни