Кубански боксер го нокаутираше својот тренер (Видео)

Yunier-Dorticos

Јуниер Дортикос е познат професионален кубански боксер кој деновиве се најде во непријатна ситуација.

На еден рутински тренинг, Дортикос успеа да го удри својот тренер директно во главата и буквално да го нокаутира, нешто што жртвата го протолкува како ситуација која може да се случи.

Дортикос се натпреварува во полутешка категорија и досега нема пораз на 22 професионални борби во ВБА верзијата, а негов следен противник е Мурат Газиев со кого ќе боксува во Сочи.

Facebook Коментари