Поврзете се со нас

Македонија

Кубанецот Моралес потпиша нов договор со Вардар

Објавено

на

Актуелниот македонски шампион Вардар почна да го гради составот за наредната сезона, па веќе договори четири нови имиња и тоа Павел Андреев, Жилберто Дуарте, Божо Анѓелиќ и Нејц Цехте, но во исто време ја продолжува соработката со дел од досегашните играчи со тоа што најновата вест е поврзана со Куни Моралес.

Интернационалецот од Куба во својата прва сезоната стана еден од милениците на скопската публика која ќе може да ужива во неговите мајстории, партии и во натпреварувачката 2022/2023/.

„Црвено-црните“ и соопштија на јавноста дека Моралес ја прифатил понудата и најмалку уште една година ќе го брани дресот на двократниот европски шампион.

Леворакиот бек постигна 36 гола на 12 натпревари во ЛШ, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни