Кубацки стана трет Полјак со триумф на „Четири скокалници“

Kubacki1

Полскиот ски-скокач Давид Кубацки победи на денешниот натпревар во Бишофсхофен и со тоа успеа да стигне до прв трофеј на традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Кубацки денеска стигна до вкупно 300,9 поени со скокови од 143 и 140,5 метри на скокалницата во Австрија, а тоа беше доволно за победа во Бишофсхофен, пред Германецот Гајгер и Норвежанецот Линдвик кој го освои третото место.

Како награда за постојаноста на сите четири натпревари, Кубацки стигна до најмногу поени во генералниот пласман, па стана третиот Полјак по Адам Малиш и Камил Штох кој има трофеј на „Четири скокалници“.

Кубацки го освои првото место со 1131,6 поени, Линдвик го освои второто место со 1111 поени, додека Гајгер мора да се задоволи со третото место со 1108,4 поени. Ланскиот победник, Јапонецот Кобајаши започна со триумф, но разочара на следните натпревари и остана на четвртото место во генералниот пласман.

Facebook Коментари