Поврзете се со нас

Зимски спортови

Кубацки го освои Гармиш, Полјаците доминираа на втората етапа на „Четири скокалници“

Објавено

на

Полскиот ски-скокач Давид Кубацки ги победи своите ривали на натпреварот во Гармиш-Партенкирхен, втор од четирите во рамките на традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Кубацки беше трет по првата серија во која скокна 139 метри и имаше 137,7 поени, но во втората скокна дури 144 метри, најдалеку на скокалницата во германскиот ски-центар денеска и со тоа заслужено освои и најмногу поени за победа на натпреварот.

Второто место му припадна на Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, кој со скокови од 137 и 136 метри успеа да спречи целосен полски подиум во Гармиш.

Ова откако третото место го освои Пјотр Зила, додека двократниот победник на „Четири скокалници“, Камил Стох овој пат мораше да се задоволи со четвртата позиција.

Германецот Карл Гајгер кој победи во Оберздорф на крајот стигна до петтото место и останува во конкуренција за победата на турнејата, а во моментов во водство е Гранеруд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни