Свет
Крвта не е вода: Синот на Кака има идентични фудбалски движења како својот татко (Видео)
Рикардо Кака беше еден од најдобрите играчи во светот на почетокот на новиот милениум и ја доби „Златната топка“ како голема ѕвезда на Милан, а за жал повредите направија неговата кариера да забележи голем пад кога се пресели во Реал Мадрид.
Бразилецот со својата магија и едноставни движења правеше да изгледа максимално елегантно и недопирливо на теренот, па иако минаа речиси две децении од неговите најдобри играчки денови, фудбалските фанови сега се потсетија на неговите потези преку неговиот син.
Бразилските медиуми споделија едно уникатно видео од младинските натпревари во Првата лига, каде синот на Рикардо игра редовно и дефинитивно го привлекол вниманието со речиси идентичните движења како својот татко.
Компилацијата на Лука Леите Кака е направена од само еден натпревар, а за фановите беше доволно да препознаат дека станува збор за син на легендата на Милан.
Лука во овој момент има само 16 години, па сега останува да видиме дали ќе ги следи стапките на Рикардо и ќе добие шанса за докажување во Европа.
El hijo de Kaka es literalmente idéntico a su padre jugando, que puto miedo. Es que hasta se le mueve el pelo igual pic.twitter.com/OZ7pRsZpJL
— Tage (@Tagelca) December 19, 2024
-
Светски првенства23 часа
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства24 часа
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Свет13 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Репрезентација13 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија9 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија11 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Светски првенства4 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Шпанија16 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот