Поврзете се со нас

Свет

Крвава престрелка во Бугарија: Наместо на подготовки за Македонија, напаѓачот на ЦСКА заврши во затвор!

Објавено

на

Крајот на клупските сезони нема да значи и крај на обврските за фудбалерите, бидејќи на почетокот на месец јуни, на програмата се натпревари од Лигата на нации.

Македонија ја отвора новата сезона во ова натпреварување со натпревар против Бугарија, пред кој сега пристигнува една навистина неверојатна криминалистичка приказна од нашиот сосед. Репрезентативец на Бугарија кој е повикан за мечот со Македонија бил вклучен во вооружена претстрелка која завршила со крвопролевање, а која се случила на бензинска пумпа во близина на Софија.

Крилниот напаѓач на ЦСКА Москва, Георги Јомов е приведен во полицијата и испрашуван со часови, откако тој се нашол на местото на настанот и бил дел од групата која нападнала со огнено оружје.

Во расправија на две групи, братот на Јомов влегол во жестока физичка пресметка со двајца врсници од 30-тина години, по што таткото на браќата се вмешал со пиштол и пукал во двете лица. Едниот завршил со животозагрозувачки повреди и се наоѓа на интензивно одделение, а бугарските медиуми откриваат дека таткото и братот на фудбалерот се во бегство.

Георги Јомов утрово признал дека бил на местото на настанот, но негирал дека бил било каков вмешан во инцидентот, кој сега ќе се расветлува од надлежните органи и со помош на безбедносните камери на бензинската пумпа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни