Поврзете се со нас

Балкан

Крстовски со атрактивен волеј погодок донесе победа за Домжале (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/NKDomzale/

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Марио Крстовски донесе победа за неговиот Домжале над Копер во првата лига на Словенија.

Офанзивецот беше стрелец на единствениот гол на средбата во 57 минута кога по корнерот на Пишек со атрактивен волеј удар ја затресе мрежата на гостите.

Ова за Македонецот беше 8. лигашки погодок во 22 натпревар.

Домжале со 35 бода се наоѓа на 4. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни