Поврзете се со нас

Свет

Крстовски ги постигна првите два гола во Турција и донесе победа за својот тим (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/istanbulspor

Марио Крстовски го искористи зимскиот преоден рок за да направи трансфер во Турција, а денеска четвртиот настап го зачини со први голови.

Македонскиот напаѓач го засили тимот на Истанбулспор, па по три настапи во домашното првенство, денеска беше стартер и во Купот.

Крстовски направи главна разлика на натпреварот кој започна уште претпладне во Турција, а двата погодоци ги постигна уште во првото полувреме.

Марио донесе комотна предност за својот тим против Кашимпаша по 32 минути игра, па иако преостана уште многу за игра, резултатот на крајот не се менуваше.

Истанбулспор со првите погодоци на Македонецот се пласираше во третата рунда на турскиот Куп, натпреварување во кое тимот на Марио вкрстува со Ерзурумспор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни