Поврзете се со нас

Репрезентација

Крстевски: За сите важат истите правила, одиме од натпревар во натпревар

Објавено

на

Македонија ја очекува настап на турнирот во Скопје, турнир од претквалификациите за Светското првенство.

Наши ривали се Швајцарија и Словачка со тоа што отвараме против првите вечерва од 19 часот во „Јане Сандански“. Ние на хартија може сме фаворити, меѓутоа доста имиња недостасуваат и ќе мора сите заедно како група да се даде максумумот за да дојде до посакуваниот резултат.

Еден од најискусните играчи во овој состав е Бојан Крстевски кој е оптимист и верува дека можеме да дојдеме до целта и тоа со максимална ангажираност и борбеност.

Одработивме одлични четири недели во кои одигравме и два контролни натпревара, против Црна Гора. Пред нас е напорен турнир со четири меча за шест дена, но за сите важат истите правила и ќе одиме од натпревар во натпревар.

Прв противник ни е Швајцарија за која имаме информации дека е квалитетна и незгодна селекција. И покрај тоа, фокусот е на нас и нашата игра. Мислам дека само со максимална ангажираност и борбеност можеме да стигнеме до посакуваната цел -вели членот на МЗТ Скопје.

Составот на Македонија за турнирот во Скопје е следен:

Андреј Андоновски МЗТ Скопје 2

Виктор Ефремовски Гостивар

Бојан Крстевски МЗТ Скопје

Андреј Магдевски Плоешти

Горјан Марковски Куманово

Адем Мекиќ МЗТ Скопје

Кристијан Николов МЗТ Скопје

Дамјан Робев МЗТ Скопје

Теодор Симиќ Барселона

Бобан Стајиќ Пелистер

Бојан Трајковски Пелистер

Џејкоб Вајли Будуќност

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни