Поврзете се со нас

Репрезентација

Крстевски: Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да ѝ се предадеме

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација е пред нов предизвик, настап во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Пред нас се доста тешки натпревари против сериозни предизвици, а првиот е веќе во петок против актуелниот светски првак селекцијата на Шпанија. „Црвена фурија“ доаѓа во Скопје без своите најдобри играчи, без своите асови кои настапуваат во НБА и Евролигата, но сепак тоа е состав кој е реномиран, квалитетен, состав рпедводен од трофејниот Серџо Скариоло.

Нашите кошаркари му го препуштаат фаворитскиот статус на противникот, меѓутоа имаат намера да дадат се од себе на средбата која се игра во СЦ „Јане Сандански“.

-Имавме пократок временски период за тренирање за разлика од летото и нешто поизменета екипа од претквалификациите. Не сме комплетни, но тоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имавме и со кое располагаме. На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот, како и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да и се предадеме, -истакна Бојан Крстевски кој воедно е нов капитен на нашата репрезентација која нема да смета на Младеновски и Ѓуроски.

Бајиќ: Сум победувал посилни со послаби тимови, кошаркарите знаат како да се однесуваат кон овој дрес

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни