Поврзете се со нас

Репрезентација

Крстевски: Одигравме машки, важна ни беше само победата

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација славеше над Швајцарија со 67-61 во третиот меч од претквалификацискиот турнир за Светското првенство во 2023 година.

Ова за нашиот национален тим беше второ славје во СЦ „Јане Сандански“, славје со кое имаме подобар меѓусебен дуел со Швајцарците и со тоа имаме отворен пат за пласман во следната фаза.

Центарот на МЗТ Скопје, Бојан Крстевски е задоволен од победата и од тоа што како тим го направија, па воедно најави таква посветеност, ангажираност и слабје против Словачка.

-Многу сум задоволен од овој триумф. Честитки до моите соиграчи за борбеноста. Машки одигравме, трет меч во пет дена. Одиме на победа и со Словачка.

-Ги послушавме советите на селекторот на полувремето. Да играме смирено и со цврста одбрана ќе го добиеме натпреварор. Без да брзаме иако имавме падови, меѓутоа останавме присебни. На крајот погодивме важни шутеви и извлековме победа. Можеше да славиме и со двоцифрена предност. Ама собрана е голема количина на замор, важна ни беше само победата, -истакна Крстевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни