Поврзете се со нас

Репрезентација

Крстевски: Не одигравме толку лошо за да загубиме со висока разлика

Објавено

на

Македонската репрезентација го доживеа вториот пораз во квалификациите за Светското првенство и тоа од селекцијата на Украина која не доби во Киев со 78-61.

Ние бевме добри во првиот дел и го контролиравме резултатот, играта, бевме и во водство, меѓутоа во вторите 20 минути не успеавме да одговориме на темпото на противникот особено во последниот период во кој примивме 29 кошеви (2914) и со тоа им овозможивме на Украинците да слават со двоцифрена разлика.

-Сакам да честитам на Украина за победата. Одигравме доста добро прво полувреме. Но не продолживме така во ист ритам. Немавме концентрација, посебно во неколку минути од продолжението. Така беше и со Шпанија. Мораше да бидеме во текот на сите 40 минути на ниво ако сакавме да победиме. Не одигравме толку лошо за да загубиме со висока разлика. Но, се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри и ќе растеме како тим, -порача капитенот Бојан Крстевски.

Новиот „прозорец“ од овие квалификации е во февруари каде ќе одиграме два меча против Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни