Поврзете се со нас

Лига на нации

Крстајиќ: Не беше лесно да се победи пред 20.000 навивачи

Објавено

на

Репрезентацијата на Бугарија успеа да ги освои трите бода на гостувањето во Скопје и со тоа да заврши на второто место во групата 4 во Ц дивизијата во Лигата на нации.

Источниот сосед ја искористи предноста од играч повеќе на теренот и со погодокот на Десподов во 50 минута избори триумф од 1-0, триумф кој го израдува селекторот Младен Крстајиќ.

-Одигравме добар натпревар, Бугарија победи на гости по пауза од четири години. Во фудбалот не треба да се измислува топла вода. Ако нема атмосфера и желба не може да се направи ништо во репрезентација. Голема е разликата во клуб и репрезентација. Никој не веруваше во нас пред овие два меча.

-Јас бев победник како играч и тоа сега го сакам како селектор. Не беше лесно да се игра пред овие 15/20 илјади навивачи, овие млади играчи да го издржат притисокот и да стигнат до победа, -порача Крстајиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни