Шпанија
Крос жестоко распали: Бог гледа се и намерно го повреди судијата!

Тони Крос ретко кога ги губи нервите на еден фудбалски терен, но тоа навистина беше случај на натпреварот против Севилја кога во првото полувреме буквално му се развика на главниот арбитар.
Германецот не можеше да поверува дека судијата досуди фаул за ситуација во која тој се повлекуваше и избегнуваше контакт со ривалот, а поради жестокиот протест, на крајот заработи и жолт картон.
Крос беше очигледно резигниран од арбитражата на Дијаз де Мера кој потоа се повреди во второто полувреме и мораше да биде заменет, необична ситуација која сега го натера Тони да даде една навистина жесток коментар за шпанскиот арбитар.
– Мислам дека сите фаули кои беа на границите, судијата ги свиреше против нас во првото полувреме. Дури и во ситуации кога немаше буквално ништо. Она што посебно ме разбесни кога добив жолт картон е тоа што судијата беше на еден метар од нас. Тоа беше вистинско лудило, буквално се тргнав од противникот, видов дека сака да дрибла и видов дека сака само да се удри во мене. Се оттргнав за да немаме голем контакт, но судијата досуди фаул. Тоа беше како шлаг на тортата за мене. Видов еден коментар кој вели дека нешто не е во ред кога Анчелоти и Крос ќе добијат жолти картони.
– Навистина е така, мислам дека Бог виде се и намерно го повреди судијата. Имаше 80 илјади гледачи и сите беа огорчени од неговата арбитража. Судијата направи се лошо што можеше, но се повреди во погрешен момент. Мора да се каже дека четвртиот судија Буерго е многу подобар судија од Дијаз де Мера. Четвртиот судија заврши одлична работа кога влезе на теренот во вториот дел, – порачува Крос во подкастот со својот брат Феликс.
-
НБА24 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција14 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)