Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крос за средбата против неговиот некогашен капитен: Ќе биде чудно да се игра против него

Објавено

на

Еден од најискусните фудбалери на Реал Мадрид, Тони Крос на нешто помалку од еден месец до дерби пресметката против ПСЖ во рамките од осминафиналето од Лигата на шампионите даде свој коментар за соочувањето со неговиот некогашен соиграч и капитен, Серхио Рамос.

Шпанецот после долги години го напушти Мадрид и се реши кариерата да ја продолжи во ПСЖ, тим кој ќе биде следен противник на „кралевите“.

Кога Германецот пристигна во Реал Мадрид, Рамос беше во клубот веќе девет години, а заедно ја делеа соблекувалната на „Бернабеу“ уште цели седум години, период во кој Рамос му беше капитен на Крос.

Двобојот еден против друг ќе биде доста чуден за Тони Крос кој истакна дека нема да му биде сеедно да игра против 35 годишниот стопер.

– Серхио не беше само мој соиграч, тој беше и мој капитен. Ќе биде навистина чудно да се игра против него, -изјави Тони Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни