Поврзете се со нас

Англија

Крос за одлуката на Клоп: Долго го чекавме овој момент…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос доби задача на стручен аналитичар во подкастот кој го води со својот брат Феликс, па на двајцата главна тема во најновото издание им беше одлуката која ја донесе нивниот сонародник.

Јирген Клоп најави заминување од Ливерпул на крајот од сезоната и затворање на еден извонреден циклус кој траеше девет години, а Крос како голем приврзаник на германскиот фудбал, се надева дека менаџерот ќе ја направи потребната пауза, а потоа ќе се насочи кон домашната сцена.

Ѕвездата на Реал Мадрид се надева дека Клоп ќе се врати во родната земја и дека ќе добие некаква улога во германската репрезентација, бидејќи според него тој е тренерот кој отскокнува од сите други во татковината.

– Многумина очекуваа дека ќе си оди минатата сезона кога не беа најдобри, но тогаш Клоп направи маестрален потег и посочи: Ќе ја средам работава и потоа ќе направам пауза. Клоп е пример за тоа како може да бидете лојални во фудбалот. Тој прерасна во вистинска легенда на Ливерпул, тој е синоним за лојалност, посветеност, успех и љубов кон клубот. Јирген сега е легенда во Германија, но и во Ливерпул и во Англија.

– Заслужува да добие одмор, а потоа самостојно да донесе одлука за својата иднина. Тој е крајно интелигентен човек и препознава кога е вистински момент за нешто ново. Ако чувствува дека сега е време за крај, тоа е тоа. Како големи фанови на германскиот фудбал, долго го чекавме овој момент. Со нетрпение очекувавме да преземе некоја функција во Германија. Ова го посакувавме со години наназад, – вели Тони Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни