Поврзете се со нас

Европски првенства

Крос за критиките од Матеус: Можеби тоа е добар знак

Објавено

на

Тони Крос реши јавно да проговори за критиките упатени од Лотар Матеус и останатите стручни коментатори кои изминатиот период не беа задоволни од неговите настапи за германската репрезентација.

Поранешната прва ѕвезда на Германците, Матеус, одамна тврди дека Крос не треба да биде стартер во националниот тим.

– Можеби она што го кажа Лотар треба да ми биде добар знак.

– Имаме многу експерти во Германија, а нивниот број ќе порасне за време на Европското првенство, би било исцрпувачки ако читам кој состав го преферираат сите.

– Јас сум во репрезентацијата 11 години и не сум задолжен за составите, треба да бидеме среќни што имаме толку квалитетни фудбалери во средниот ред, – изјавил Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни