Поврзете се со нас

Свет

Крос за ѕвездата на Баерн која сака да заврши во Реал: Во Мадрид не е доволен само квалитетот!

Објавено

на

Тони Крос веќе седма година е во Реал Мадрид и важи за еден од староседелците во првиот тим на Зинедин Зидан, играч кој веќе во неколку наврати истакна дека би немал ништо против да ја заврши кариерата во „кралскиот клуб“.

Крос е тип на играч од оние кои сметаат дека треба да се пензионираат во најдобрите денови од кариерата и поради тоа не се гледа себеси уште премногу долго во фудбалот (моментално има 31 година), но со оглед на тоа што е многу поактивен во јавноста со давање изјави, даде коментар и за најавеното засилување на Реал во летниот преоден рок.

Многумина сметаат дека Давид Алаба е пред трансфер во Реал Мадрид откако и самиот призна дека и дефинитивно си оди од Баерн Минхен, а Крос како негов поранешен соиграч од „Алијанц арена“ нагласи дека на „Сантијаго Бернабеу“ нема да му помогне само квалитетот кој го поседува.

– Тешко ми е да кажам што мисли. Вистина е следна, слушнав дека го поврзуваат со Реал Мадрид и не можам да кажам повеќе од тоа. Ако е сигурен стартер во Баерн Минхен, тим кој е европски шампион, тогаш секако може да игра и во Реал Мадрид.

– Сепак, ќе видиме дали ќе заврши тука. Исто така, и во минатото имаше многу квалитетини играчи кои дојдоа во Реал, но покрај квалитетот, тука мора да биде физички добар и главата да ви е секогаш на место. Во Реал Мадрид, не е доволен само квалитетот, мора да исполните неколку услови, – вели Крос за „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни