Шпанија
Крос за болниот пораз во финалето во ЛШ: Пиев текила за да заборавам, бев блиску до ургентно

Тони Крос редовно дава интересни коментари во подкастот на неговиот брат Феликс, а покрај тоа што во последното издание говореше за големината на Серхио Рамос во пресрет на пресметката која ќе ја имаат на теренот, откри и интересни анегдоти за тоа како се забавувал и истовремено ја лечел болката.
Германскиот играч за врска открива дека во голем број наврти најдобар пријател му била текилата, од која подоцна самостојно се откажал поради лошото влијание и расположение вечерта по опијанувањето.
Крос првпат почнал пожестоко да пие по поразот во големото финале во Лигата на шампионите во 2012-та година, кога неговиот Баерн Минхен на домашен терен беше шокиран од Челси и остана без посакуваната титула иако беше подобар речиси цел натпревар.
– По финалето во Лигата на шампионите против Челси, се сеќавам дека пиев многу во фрустрација. Се заборавив колку испив и бев блиску да завршам на ургентно и да добијам медицинска помош. Во тој момент, едноставно не гледав друг начин за ублажување на болката.
– Текила пиев од среќа и по победата со Германија на Светското првенство две години подоцна. Таа вечер пиев текила со сите, но на крајот завршив во очај.
– Последен пат пиев текила со тебе (братот Феликс) и Стефан Реинарц од Леверкузен. Следниот ден не се чувствував воопшто добро и тогаш реков „доста“. Пиењето алкохол не носи ништо добро, не погледнав текила следната вечер и од тогаш целосно се откажав. Не ме болеше и воопшто не ми недостасува, – открива Крос.
-
Шпанијапред 24 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Францијапред 22 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 23 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 19 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 12 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја