Поврзете се со нас

Европски првенства

Крос убеден: Мечот со Шпанија нема да биде последен во мојата кариера

Објавено

на

Foto: DFB/Philipp Reinhard

Од утре се враќаат возбудувањата на Европското првенство и тоа со битките од четвртфиналето, фаза која ќе биде отворена со пресметката меѓу домаќинот Германија и Шпанија во Штутгарт.

Ова дефинитивно е меч кој предизвикува најголемо внимание затоа што се работи за селекции кои покажаа најмногу во досегашниот дел од шампионатот, а само од една од нив ќе го продолжи патот или ќе остане во игра за титулата.

Шпанците се оптимисти во своите изјави, додека Германците иако се повнимателно исто така веруваат во успех, пласман во следната фаза. Ако утре Германија загуби тогаш тоа ќе биде последниот меч за Тони Крос во кариерата, но искусниот играч за врска не верува во такво сценарио.

-Со влезот во четвртфиналето ја остваривме минималната цел, главната цел е триумф на ЕП. Пак ќе кажам, ова лето ги играм последните натпревари на фудбалските терени.

-Ама верувам дека овој петок нема да се случи крајот. Како и сите во репрезентацијата, верувам во победа против силната Шпанија. Нашата желба е голема. Гледаме исклучиво кон самиот крај, кон конечен триумф. Мислам дека сме способни за тоа без разлика кој ќе ни биде на патот, -порача доскорешниот играч на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни