Поврзете се со нас

Германија

Крос со критики за Баерн: Остава многу лоша слика за себе!

Објавено

на

Тони Крос својата кариера почна да ја гради во Баерн Минхен и со своите игри на „Алијанц арена“ си осигура статус на голема фудбалска ѕвезда, која потоа реши да се испроба во најтрофејниот клуб во Европа.

Девет години по трансферот во Реал Мадрид, Крос се уште е во шпанската престолнина и ќе остане најмалку уште една сезона, но истовремено ги следи и случувањата во својот поранешен клуб.

Баерн Минхен ја освои титулата во Бундеслигата во драматичното саботно попладне во Германија, но наместо да се слави трофејот, во Минхен повеќе се зборуваше за отказите кои ги добија Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.

Доста полошо мина Кан на кого не му беше дозволено да отпатува во Келн и да ја слави титулата со тимот, па ова изнуди коментар и од Крос кој смета дека последните потези во Баерн не даваат воопшто добра слика за германскиот шампион.

– Го слушав Кан и тој кажа дека не му било дозволено да ја слави титулата со тимот. Баерн остава многу сомнителна и лоша слика за себе. Тие вести го направија денот лош за играчите, а особено за тренерот Тухел. Наместо да ја слават титулата, се соочија со таква тешка ситуација. Не знам кој одлучил да дели откази на ден кога се слави титула. Не слушнав повеќе на таа тема, но му верувам на Кан, – изјави Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни