Поврзете се со нас

Свет

Крос смета дека двајца сонародници уште не се подготвени за Реал Мадрид: Треба да исполнат три услови

Објавено

на

Foto:instagram.com/toni.kr8s

Тони Крос на најдобар можен начин ја затвори авантурата во Реал Мадрид и ги освои титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите, но сега се наоѓа пред голема шанса да замине во пензија и со освоено Европско првенство.

Крос се врати во репрезентацијата со цел да го одигра последниит турнир во кариерата со германскиот дрес, а бидејќи со актуелните членови од националниот тим се знае веќе два месеци, почна да добива прашања и за потенцијалот кој можат да го достигнат најголемите таленти.

Џамал Мусиала и Флоријан Вирц се предодредени да бидат лидери на Германија во блиска иднина, а Крос денес беше запрашан дали поседуваат квалитет да играат на највисоко ниво во Реал Мадрид

– Мислам дека постојат граници кои треба да ги исполните за Реал: Треба да бидете постојано здрав, да сакате да победувате по секоја цела и да бидете константен на највисоко ниво. Очекувам да се соочат со проблеми по добриот старт на кариерите, но ако се гледа само потенцијалот и пристапот кој го поседуваат, тогаш ќе кажам дека можат да заиграат за секој најголем клуб, вклучувајќи го и Реал.

– Не би ги споредил Мусиала и Вирц со Белингам, тројцата се многу различни. Џамал и Флоријан се тешки за чување, но ја немаат физичката сила на Џуд. Не можам да зборувам премногу за нив, но Џуд го гледав цела година и понекогаш се прашував дали навистина има 20 години. Изгледа многу поискусно и позрело, поготово надвор од теренот. Тој е предодреден да биде големата надеж на Англија, – вели Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни