Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крос: Следи групна анализа, мора да донесеме заклучоци за поразот

Објавено

на

Тони Крос беше еден од стартерите во составот на Зинедин Зидан кој денеска го претрпе петтиот пораз на 15 одиграни натпревари од стартот на сезоната, биланс кој дефинитивно не е карактеристичен за „кралскиот клуб“ кој традиционално секоја сезона атакува на сите најважни титули на домашна и интернационална сцена.

Со вториот пораз од Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, Реал се доведе во ситуација да ја решава својата судбина за пласман во осминафиналето во последната рунда, а Крос верува дека на тој натпревар тој и неговите соиграчи ќе успат да ги материјализираат добрите минути кои ќе ги имаат на теренот.

Реал одигра одлично прво полувреме во кое создаде неколку шанси за гол, но откако не ги искористи, доби голема казна во вторите 45 минути.

– Кога победувате на натпревари, секогаш имате голема самодоверба. Секој тим има самодоверба кога победува, па затоа мора да се вратиме на победите и да го заборавиме ова. Групно ќе ја разгледаме оваа ситуација и ќе донесеме заклучоци. Сега не ни преостанува ништо друго, мора да победиме на последниот меч во групата.

– Не станува збор за физички замор, јас се чувствувам одлично. Сепак, кога губите на неколку натпревари, работите стануваат негативни. Треба да го промениме тоа, против Интер постигнавме ран гол, а денеска откако не ги искористивме шансите, примивме први гол. Тешко е да се прифати ваков пораз, но ќе продолжиме да се обидуваме, – изјави Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни