Поврзете се со нас

Свет

Крос: Сите ме сметаа за нацист после тоа што го кажав за Озил

Објавено

на

Тони Крос беше најголемата ѕвезда на германскат фудбалска репрезентација која јавно го искажа револтот за заминувањето на Месут Озил од селекцијата, откако актуелниот играч на Фенербахче одлучи да се повлече во ситуација кога предизвика политички револт во Германија поради блискоста со турскиот претседател Ердоган.

Позирањето на Месут со турскиот претседател пред Светското првенство пред три години на крајот резултираше со негово повлекување од репрезентацијата, а Тони Крос беше играчот кој застана на страна на Федерацијата која ги осуди последните постапки на тогашната ѕвезда на Арсенал.

Три години подоцна, играчот за врска на Реал Мадрид за првпат проговори на оваа тема, обелоденувајќи дека и тој добил доста жестоки пораки откако решил да избере страна во дадениот случај.

– По крајот на мундијалот во 2018-та година, порачав дека навистина не ми се допадна начинот на кој Месут Озил се повлече од репрезентацијата. Акциите кои ги презема не ми се допаднаа, а тоа што го кажав за него, ме направи нацист.

– Русокос дечко, сини очи, бев прав нацист во очите на многу луѓе во Германија. Имаше доста непријатни коментари и притисоци, но благодарение на искуството, знаев да го надминам сето тоа и да го оставам зад себе, – потенцира Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни