Поврзете се со нас

Шпанија

Крос си тера мајтап со Саудијците: Со свирежите покажаа дека бев во право!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос се врати од Саудиска Арабија со освоена титула во шпанскиот Суперкуп, но и со искуство кое досега за него беше сосема непознато во досегашниот тек на богатата фудбалска кариера.

Германецот беше жестоко исвиркуван при секој контакт со топката и причина за тоа беше изјавата која ја даде за фудбалерите кои прават трансфер во Саудиска Арабија, особено оние младите кои ги бираат парите пред елитниот фудбал на највисоко ниво.

Неколку дена по враќањето во Мадрид, Крос се исповеда во подкастот кој го води со својот брат Феликс, односно излагањето повторно го заврши со доза на иронија.

– Секогаш сум среќен кога се враќам дома од патување, но овојпат сум посебно задоволен. За мене ова беше нешто ново и емотивно. За мене ова беше ново искуство, не сум го доживеал претходно, но да бидам искрен, уживав во него.

– Не очекував таков пречек, прво не ни знаев дека свирежите се наменети за мене, а потоа сфатив дека сум таргетиран. Мојата логика беше следна: Не верувам дека младите играчи треба да го спречат својот развој со играње на најквалитетни натпревари во Европа, во замена за парите во Саудиска Арабија. Тоа го кажав тогаш, тоа беше пред шест месеци. За мене беше тоа заборавено, но сега ме потсетија.

– Избраа играч кој често ја допира топката, па како што одминуваше мечот, стана и здодевно за нив. На крајот, повторно се јавија сите кога бев изваден од игра. Беше забавно за мене, но сметам дека нивните свирежи се само потврда дека бев во право со изјавата која ја дадов, – вели Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни