Крос се предаде: Сега имаме една друга многу поважна цел во Примера!

kros-zagrizen

Реал Мадрид ја продолжи својата катастрофална низа на резултати, па по поразот од Барселона и ремито со Селта Виго, ова попладне доживеа уште еден незгоден удар во домашното првенство, губејќи на домашен терен за првпат во историјата од страна на Вилјареал.

„Жолтата подморница“ ги потопи „кралевите“ во 87-та минута со мајсторскиот погодок на Форналс, а сето ова само ги потврди веќе најавените коментари во јавноста во изминативе неколку недели, а тоа е дека Реал Мадрид веќе нема никакви шанси за титулата во Примера.

Со големо жалење, тоа денес го призна Тони Крос, кој по минималниот пораз од Вилјареал посочи дека Реал сега има многу поважна цел во Примера, а тоа е да заврши во првите четири екипи.

– Најпрво треба да бидеме реални и да видиме во каква позиција сме во моментов. Треба да се концентрираме на она што е најважна цел за нас од сега, а тоа е да се пласираме во Лигата на шампионите наредната сезона. Мислам дека од денес тоа треба да биде наша најважна цел во остатокот од сезоната во Примера. 16 поени се многу и првиот е многу далеку од нас. Веќе не можеме да размислува на долгорочен план, треба да размислуваме од натпревар во натпревар. Мора да завршиме меѓу првите четири екипи во првенството, – концизно заклучил Крос во изјавата за „Беин Спортс“.

Facebook Коментари