Поврзете се со нас

Шпанија

Крос: Повремено го посетувам Валдебебас, но постои еден ризик од Анчелоти

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тони Крос беше активен со интернет поткастите и за време на играчката кариера, но сега е уште поактивен кога има повеќе слободно време како пензиониран фудбалер.

Легендарниот германски играч за врска седна на маса со сонародникот Александер Зверев и двајцата направија паралела за тоа што ги поврзува двата спорта, бидејќи Крос во почетокот пред да стане професионалец играл и бадминтон и тенис.

Крос открива дека брзо се откажал од тенис бидејќи имал многу лош сервис, но на Саша му откри дека фудбалот му останува пракса и по официјалното повлекување од професионалните води.

Тони остана да живее во Мадрид и отвори фудбалска школа за мали дечиња, а сега обелодеднува дека често го посетува и Валдебабас тренинг центарот и своите доскорашни соиграчи.

– Во месец авугст за првпат бев на вистински одмор во мојот живот. После тоа, задача ми е да ги носам моите деца на школо, а потоа наместо на тренинг, возам право дома.

– Повремено ги посетувам и моите доскорашни соиграчи. Не знам дали е добро да се појавувам толку често, бидејќи постои ризик Карло да ми каже „сега остани тука“ со нас. Засега не планирам да тренирам возрасни професионалци, отворив академија во Мадрид и тоа е мојот нов фудбалски проект, – открива Крос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни