Поврзете се со нас

Свет

Крос: Овие две победи носат добри и лоши вести

Објавено

на

Foto:instagram.com/toni.kr8s

Тони Крос се врати во националниот тим и составот на Јулијан Нагелсман изгледаше доста постабилно со него во стартната постава, а доказ за тоа се и двата резутлати во овој мартовски прозорец.

Германија ја победи Франција во Лион и вчера славеше над Холандија со пресврт на домашен терен, два триумфи кои и како го поправаат впечатокот кој беше оставен пред неколку месеци.

„Панцирите“ претрпеа два тешки порази од Австрија и Турција на крајот од минатата година, но тимот на Нагелсман реагираше изминативе неколку дена и покажа дека може да атакува на позитивен резутлат на Европското првенство на кое ќе биде домаќин.

– Горд сум на сите во тимот, го понесовме со нас моментумот од минатиот меч, но секако и самодовербата. Пред неколку месеци мислам дека ќе имаше целосен колапс на 1:0.

– Овојпат не се случи тоа и покажавме карактер. Овие два натпревари носат добри и лоши вести. Добро е тоа што одигравма добри меча, но лошо е тоа што победите не ни носат никакви бодови за Европското првенство. Да се надеваме дека ќе играме со ваква самодоверба и кога ќе дојде моментот на вистината, – изјави Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни