Поврзете се со нас

Шпанија

Крос: Ова што се случи со Рамос беше незамисливо, се надевам дека клубот нема да покаже негрижа и во иднина!

Објавено

на

Германија оваа вечер го игра клучниот меч во групната фаза на Европското првенство, но иако максимално се подготвува за истиот, Тони Крос го одработи подкастот со својот брат Феликс и говореа за сите актуелности на турнирот и очекувањата за наредната фаза.

Играчот за врска нагласи дека Германија ќе мора да ја оправда фаворитската улога на теренот против Унгарија и дека само така ќе може да се пласира во осминафиналната фаза, но наспроти случувањата во селекцијата, искусниот фудбалер проговори и за големото разочарување кое пристигна од шпанската престолнина.

Крос открива дека до последен момент се молел Рамос да добие нов договор од Реал Мадрид и да дојде до продолжување на соработката, а откако ова посакувано сценарио не се оствари, тој испрати искрена порака на оваа тема.

– Не можам да го препознаам Реал Мадрид без Рамос. Беше незамисливо дека тој нема да ја заврши кариерата на ова место, но на крајот тоа ќе се случи.

– Сигурен сум дека во иднина одново ќе го видиме во Реал Мадрид, без разлика во каква функција ќе биде тоа. Ќе биде голема негрижа од клубот ако не го направи тоа. Таков човек може да му донесе многу на Реал Мадрид и во иднина, – порача Тони Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни