Поврзете се со нас

Англија

Крос открил зошто решил да се откаже од веќе договорениот трансфер во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос и натаму открива интересни детали од неговата веќе завршена кариера, а во подкастот кој го води неговиот брат Феликс сега зборувал за причината поради која ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед.

Германецот открил дека веќе имал постигнато вербален договор со англискиот клуб, но она што го оддалечило од „Олд Трафорд“ бил отказот за Дејвид Мојс и назначувањето на Луј ван Гал за негов наследник.

– Тие решија да го отпуштат Мојс, додека тој уште седеше на софата во мојата куќа во Минхен.

– Потоа Јунајтед го назначи Ван Гал за нов менаџер, а ние пристојно ја одбивме понудата, – открил Крос.

Претходно и Мојс има изјавено дека се сретнал со Крос и неговата сопруга во Минхен и дека се било договорено за негов транфер во Англија.

За тоа каков подарок доби Реал зборува не само симболичната трансфер сума, туку и фактот што Германецот одигра над 400 натпревари и освои 23 трофеи, вклучувајќи 5 во Лигата на шампионите во дресот на „кралскиот клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни