Поврзете се со нас

Шпанија

Крос откри зошто не присуствувал на тимските вечери во Реал: Ги почитував сите соиграчи, но….

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос стави крај на неверојатната играчка кариера и реши да се повлече во моментите кога го игра најдобриот фудбал, практика која дефинитивно не секогаш е употребена од најголемите фудбалски ѕвезди.

Германецот се повлече на 34 години и во ситуација кога освои две големи титули со Реал Мадрид во Ла Лига и Лигата на шампионите, па иако имаше такви кои сакаа да го разубедуваат, беше јасно дека играч со таков карактер и менталитет тешко ќе ја промени одлуката.

Во ексклузивното интервју за „Марка“, Крос обелоденува дека најтешко му било да ја соопшти одлуката пред неговиот највозрасен син и пред Карло Анчелоти, но во разговорот откри дека во десетте години кои ги мина во Шпанија, само неколку пати бил на групните вечери за подобрување на тимската хемија.

– Првите неколку години отидов во неколку наврати, бев нов и не сакав да го привлекував вниманието со непојавување на вечерите. Но, откако помина одредено време, воопшто не одев на состаноците кои ги имавме навечер.

– Соиграчите веќе ме познаваа доволно добро и знаеја дека тоа не е знак не непочитување. Едноставно е, не го правев тоа бидејќи не сакам да излегувам навечер. Некои сакаат да излегуваат навечер, но јас сум од оние кои не сакаат. Им велев дека ги сакам сите, но дека на тимските вечери одат без мене. На крајот, кога се договораше некоја вечера, веќе не ме ни прашуваа, бидејќи го знаеја одговорот. Имав брилијантни соиграчи во изминатите десет години, имам добри спомени од сите. Дури и новите момци како Џуд, Чуамени и Камавинга беа многу учтиви. Можам да кажам дека атмосферата во соблекувалната беше најдобра во последните неколку години, – вели Крос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни