Поврзете се со нас

Шпанија

Крос објасни зошто се „скрши“ од плачење на „Бернабеу“: Тоа ме уби….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тони Крос изгледаше максимално смирено и релаксирано за време на почетната церемонија и за време на мечот против Бетис, па иако изгледаше ладно и додека излегуваше од игра, работите драстично се променија кога се приближи до клупата за резерви.

Ладниот Германец беше на добар пат да не пушти солза на својот проштален меч на „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот величествената атмосфера и емоциите кои ги покажаа неговите деца го скршија и играчот за врска.

Крос се „скрши“ и почна да плаче кога ги виде своите деца, па и самиот призна дека едноставно не можел да ги додржи солзите кога видел како неговите најсакани ронат солзи на неговиот последен меч на домашен терен.

– Сакам да им се заблагодарам на сите мадридисти, на клубот, на моите соиграчи, на сите на стадионот. Овие десет години се чувтвував како дома. Овој период е незаборавен за мене. Последниот натпревар на домашен терен секогаш носи посебно чувство, сакав да уживам максимално и го направив тоа.

– Мислам дека бев доста цврст и стабилен, се до моментот кога ги видов моите деца. Тоа ме уби, после тоа се ослободија сите емоции. Сакав да го соопштам ова пред последниот меч во Ла Лига, па така од утре да мислиме на најважната тема. Најдобар начин ќе биде да си заминам со 15-та титула во Лигата на шампиони, – изјави Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни