Поврзете се со нас

Шпанија

Крос објасни зошто Рамос е најдобар капитен: Тој води со пример…

Објавено

на

Серхио Рамос со години е капитен и еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, вистински лидер на теренот кој едноставно знае да ја понесе екипата, да ја разбуди кога е потребно.

Тони Крос од 2014 година соработува со Шпанецот, па низ овој период можеше многу добро да ги согледа сите негови квалитети и мани, а според играчот за врска Рамос е идеален капитен, најдобар што го имал во неговата досегашна кариера.

-Кога Рамос има свое мислење, тој го изразува за доброто на тимот, без резерва. Тоа не сум го видел никогаш порано. Затоа ако зборуваме за капитени според мене тој е најдобриот што можеш да го имаш. Јас сум повеќе од среќен што го имам Серхио за мој капитен.

-Научив многу од него, а тој многу од мене, мора да се каже. Тој е некој што извонредно добро реагира на сè и чиј глас го слушаат сите во клубот. Серхио води со пример, -истакна Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни