Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крос незадоволен од стартната постава на Анчелоти: Не заслуживме да се пласираме во четвртфиналето, но….

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид одигра еден од најлошите натпревари во Лигата на шампионите во последните неколку години и беше целосно надигран од РБ Лајпциг, па на крајот со доза на среќа го заврши вториот меч во регуларниот дел и се пласираше во четвртфиналето.

Пласманот меѓу осумте најдобри е најдобра вест за „кралевите“ и тоа го призна и самиот Карло Анчелоти, кој веднаш по ремито од 1:1 призна дека ја утнал стартната постава, нешто за што доби забелешка и од Тони Крос.

Искусниот германски играч за врска смета дека Реал немал доволно играчи во нападот со променетата тактичка варијанта на Дон Карло, во која засилен беше средниот со него, Камавинга, Чуамени и Валверде.

– Лајпциг одигра многу добро, се бранеше одлично и почнувајќи од одбраната ни креираше опасни контри. Знаевме дека можат да бидат многу опасни, но ние не бевме доволно добри. До одреден момент бевме добри со топката, но беше евидентно дека немавме доволно луѓе во нападот.

– Резултатот е една работа, играта сосема друга. На полувреме сметавме дека имаме многу подобар резултат од тоа што заслужуваме. Вториот дел беше малку подобар, но не доволно добар за да кажеме дека заслуживме да се пласираме во следната фаза. Не одигравме воопшто добро, но на крајот се пласиравме во четвртфиналето, – призна Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни