Поврзете се со нас

Европски првенства

Крос нема дилеми кој ќе го освои престојното ЕП

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тони Крос има уште еден голем настан до крајот на својата активна фудбалска кариера и тоа е престојното Европско првенство кое ќе се одржи во неговата татковина Германија.

Германците иако се домаќини не се меѓу топ фаворитите за пехарот барем на хартија, тие веќе некое време минуваат низ турбулентен период, но кога е во прашање оваа селекција, таа никогаш не смее да се потцени и предвреме да се отпише.

Имено Германија последниот пехар на оваа сцена го има освоено во 1996 година и тоа во Англија. Крос е оптимист и верува дека тие како група можат да го повторат овој резултат кој претходно беше остварен уште од две други генерации со тоа што мора да се напомене дека истите беа под името Западна Германија.

-Кој ќе биде шампион на континентот? Германија секако. Можеме да им се спротивставиме на сите наши ривали. Би сакал да ја завршам кариерата на репрезентативно ниво како на клупскo, -порача Тони кој со Реал Мадрид пред неколку дена стана европски клупски првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни