Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крос не остана должен и му одговори на Маунт: Се уште спијам мирно (Фото)

Објавено

на

Тони Крос нагласи дека никогаш во својата кариера не останал без мирен сон мислејќи на некој фудбалер кој ќе му биде противник, но ваквата изјава која ја даде пред мечот со Челси, беше сфатена како провокација од еден од најдобрите играчи на вториот финалист во Лигата на шампионите.

Челси му одржа фудбалска лекција на Реал во второто полувреме и сосема заслужено победи со 2:0, а Мејсон Маунт покрај тоа што нагласи дека неговиот тим можел да даде пет гола, не заборави да го „поздрави“ и германскиот играч за врска.

– Видов дека еден  од противничките играчи вели дека немал проблем со спиењето поради некој играч. Сега можеби нема да спие поради добрата игра на целиот наш тим, – изјави Англичанецот.

Ова секако беше директна прозива за искусниот фудбалер на Реал, којпак одлучи да ги искористи социјалните мрежи за да му одговори на младиот офанзивец.

– Се уште спијам добро. Добро направено вчера, честитки. Ти посакувам среќа во твоето прво финале во Лигата на шампионите, – порача Тони Крос кој има играно во пет финалиња во Лигата на шампионите, а освоено дури четири трофеи (3 со Реал и 1 со Баерн).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни