Поврзете се со нас

Германија

Крос не го послушал советот од својот дедо: Сега и тој почна да се премислува…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос се врати во германската репрезентација и денеска говорел пред новинарите во родната земја, а покрај тоа што говорел за возбудливиот кам-бек во националниот тим, искусниот играч за врска говорел и за својата иднина.

Крос размислуваше да се повлече по крајот на минатата сезона и тогаш беше разубеден од својот дедо, но една година ситуацијата изгледа далеку поразлично и се чини дека Тони и натаму ќе прикажува фудбал на највисоко ниво.

Прва цел му е да ја заврши сезоната со Реал на најдобар можен начин и потоа да игра на Европското првенство, а говорејќи за својата иднина во „кралскиот клуб“, Крос потенцирал дека односот со Перез е премногу добар за да стравува од било какво непосакувано сценарио.

– Немам никаков проблем со Реал Мадрид. Ќе видиме што ќе се случи, повторно ќе зборуваме. Се уште сум во процес на размислување и носење одлука. Односот меѓу мене и клубот е премногу добар за да има било каков проблем, двете страни сме релаксирани и не одиме неколку чекори нанапред. Сезоната ни е многу добра, фокусирани сме на крајот кој следи и верувам дека ќе најдеме решение кое ќе ги задоволи двете страни.

– Да бидам искрен, морав да го убедувам мојот дедо за враќање во репрезентацијата. Лани ме советуваше да играм уште една година во Реал Мадрид и потоа да земам заслужен одмор. Сега ми побара дрес од Германија и го менува мислењето. Сега се согласува со одлуката која ја донесов за враќање во репрезентацијата, – открива Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни