Поврзете се со нас

Шпанија

Крос: Јас никогаш не би го направил тоа што го направи Модриќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос и официјално е фудбалски пензионер и веќе ужива во првиот месец без професионални обврски на највисоко ниво, но како што вели самиот, тој и натаму ќе остане тесно поврзан со фудбалската игра.

Германецот отвори своја фудбалска академија во Мадрид и планот му е да посвети голем дел од своето слободно време на младите деца, а пред сериозно да ги засука ракавите, Шпанците се уште се интересираат за најтешката одлука која ја донесе во животот.

Крос реши да се повлече и покрај тоа што многумина гледаа во него барем уште две-три сезони на највисоко ниво, но Тони вели дека на оваа возраст, во фудбалот не може ништо да се предвиди.

Голем дел од медиумите правеа споредби меѓу него и Модриќ и останаа шокирани од неговата одлука да ги закачи копачките на клин, но Германецот вели дека тој и Хрватот имаат целосно различен менталитет и сфаќање на тема пензионирање.

– Размислував за повлекување со месеци, но потоа на крајот сфатив дека не можам да имам подобра сезона од оваа што заврши. Не верував дека ќе заиграв подобро од тоа. Кога веќе ја донесов одлуката, немаше враќање назад. Јас тешко ги менувам одлуките, иако имаше такви кои се обидоа да ме премислат.

– Можев да играм како Модриќ? Лука сака да игра до крај, јас никогаш не би го направил тоа што го прави Лука. Покрај тоа, Моддриќ прифати и една поинаква улога, поинакви услови, во кои игра помалку од претходно. Тоа не би била мојата одлука, но секој има поразлично мислење, секој си има свој пат.

– Модриќ е како Роналдо. Тие се зависници од успех и тоа не престанува кај нив. Се одлучија за спротивното од она што го одлучуваат 95 посто од играчите, а тоа е е да престанеш да играш додека си на врвот. Наместо тоа, решија да уживаат во фудбалот малку повеќе, што исто така е добра одлука. Ако тие се среќни и задоволни, тогаш нема што ние да даваме дополнителни коментари, – изјави Крос.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни