Поврзете се со нас

Шпанија

Крос: Јас и Модриќ имаме различен став околу пензионирањето

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос веќе потврди дека ќе ја заврши кариерата по крајот на Европското првенство, што значи и крај на неговата успешна етапа во редовите на Реал Мадрид.

Спротивно од него, Лука Модриќ ќе одигра уште најмалку една сезона и се уште не споменува пензионирање, а Германецот вели дека сега веќе е и јасно дека тој и долгогодишниот соиграч имаат различен пристап во однос на прашањето за ставање крај на кариерата.

– Ние сме различен случај, бидејќи имаме различно мислење за начинот на кој треба да ја завршиме кариерата.

– Лука продолжува да ужива во фудбалот, а јас отсекогаш посакував да се повлечам во важен момент, во момент кога моето тело се уште функционира добро.

– Сакам да се пензионирам без да чувствувам физички проблеми и среќен сум што можев да остварам такво нешто на 34-годишна возраст. Отсекогаш посакував да се повлечам кога се уште сум важен за тимот и ова е навистина идеален момент, – рекол Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни