Крос „испука“ без влакна на јазикот: Мистериозната ситуација со Бејл не е нормална!

kros-bale

Мистериозната ситуација со Герет Бејл посебно ги налути мадридските медиуми кои ги обвинуваат двете страни за криење на информации, односно за нереално прикажување на повредата која Велшанецот ја заработи на последниот меч кој го одигра за својата селекција.

Еден месец подоцна, во ситуација кога Бејл не одигра ниту еден натпревар за Реал Мадрид во изминатиов период, Велс одлучи да го повика својот најдобар фудбалер и истиот се очекува да настапи за репрезентацијата за време на интернационалните обврски, нешто што секако изгледа нелогично и ги лути навивачите на Реал.

Во денови кога беше недостапен за својот клуб, Бејл по се изгледа ќе игра за Велс на претстојните натпревари за Велс, сценарио кое сега го искоментира и Тони Крос.

– Дефинитивно звучи нелогично да се вратиш од селекцијата, да не одиграш ниту еден меч со клубот и потоа да се вратиш во репрезентацијата и да испадне дека си подготвен за настап. Тоа е како мистерија. Мислам дека моментот не е баш најдобар за вакво сценарио. Се надевам дека ќе биде добар кога ќе се врати од Велс и ќе може да ни помогне. Навистина го мислам ова, бидејќи убеден сум дека Бејл може многу да ни помогне со својот квалитет. Не знам дали ќе остане со нас уште долго, минатово лето беше пред заминување, но покажа дека е мотивиран за надигрување, – порачува Крос без влакна на јазикот во интервјуто за германски „Realtotal.de“.

Facebook Коментари