Поврзете се со нас

Европски првенства

Крос испрати проштално писмо по болната елиминација од Шпанија, не го заборави и Педри (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тони Крос на непосакуван начин стави крај на играчката кариера, бидејќи неговата Германија вчера загуби од Шпанија воо големата четвртфинална пресметка во Штутгарт.

Повратникот во националниот имаше желба да се прости со важен репрезентативен успех, но неверојатниот играч за врска на крајот мораше да се помири со поразот, кој мора да се признае дека дојде во услови кои истиот го прават уште поболен.

Германија одигра одличен фудбал на ова Европско првенство и го поправи лошиот впечаток од последните години, па затоа Тони во своето проштално писмо испрати јасна порака до германските фанови.

Поради тоа што вчера му нанесе повреда на Педри, легендарниот Тони во своето обраќање не го заборави и фантастичниот играч на Барселона.

– На 29 септември 2023-та година ми заѕвони телефонот. На другата страна на линијата беше Јулијан Нагелсман. Неговото барање беше да се вратам во репрезентацијата, а мојата прва помисла беше „Не сум глупав“! Првата мисла во моето срце беше „ДА“ и на крајото срцето пресуди.

– Мојата прва мисла денеска на 6-ти јули 2024-та година е следната: Мило ми е што го направив тоа. И покрај та што чувствувам празнина и тага по последниот судиски свиреж вчера. Отсекогаш сум гледал поголем потенцијал во овој тим од тоа што се прикажуваше последните години. Но, не очекував дека за толку кратко време ќе имаме реални шанси да ја освоиме титулата и повторно да бидеме на ниво на најдобрите.

– Затоа сум горд на тоа што го постигна овој тим! Горда треба да биде и цела Германија. Посебна благодарност до фановите кои го направивте ова Европско првенство посебно. Ве видовмее, ве доживеавме, ве почувствувавме! Лично за мене, сакам да се заблагодарам за цела топлина во последните неколку недели. Барање до вас: Сега кога Германија се врати на прав пат, не пуштајте да скршне! Патот на овој тим продолжува и навистина ќе помогнеме ако се стои зад нив во добри и лоши моменти. Ова е група на големи луѓе кои прават се за да бидат успешни.

– За крај, важно ми е и следново: Педри, извини и оздрави што поскоро! Немав намера да те повредам. Ти посакувам брзо закрепнување и се најдобро. Ти си одличен играч, – порача Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни