Поврзете се со нас

Шпанија

Крос: Имаме добар тим и без Мбапе

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Килијан Мбапе одби да говори за својата иднина и посочи дека ќе го открие својот следен чекор пред почетокот на Европското првенство, но цела спортска јавност веќе на големо говори за неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Дел од ѕвездите на првиот тим веќе мораа отворено да говорат за потенцијалното пристигнување на Французинот, а последен на листата е и Тони Крос кој дал одговор во свој стил во интервју за шпанската национална телевизија.

– Мбапе? Ако тој не знае што ќе прави со својата иднина, како јас да знам?

– Реал Мадрид секогаш ги сака најдобрите играчи во светот и тој без никаков сомнеж е еден од нив. Сепак, ниту еден индивидуалец не е поважен од Реал, најважно е да се победува. Ќе биде убаво за Реал тој да пристигне во Мадрид, но сметам дека имаме многу добар тим и без Мбапе.

– Мојата иднина? Ќе мора да донесам конечна одлука во наредниот месец или два, а потоа ќе говориме за чекорот кој сум го избрал, – изјавил Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни