Поврзете се со нас

Шпанија

Крос има нов фаворит во Германија: Прераснувам во голем фан на овој клуб (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос допрва треба да одлучи дали ќе ја продолжи кариерата во ситуација кога игра на врвно ниво како клучен играч во системот на Карло Анчелоти, но пред да дојде до тоа, Германецот го користи максимално своето слободно време за да ги следи и сите случувања во неговата родна земја.

Германската јавност во последно време е најзагреана за ситуацијата во Баерн Минхен и големата криза која владее во Баварија, но Крос не делува премногу загрижено за тоа и фокусот го стави на својот добар пријател.

Германските медиуми пренесоа дека Штефен Баумгарт ќе го презема Хамбургер и дека негова цел ќе биде да го однесе тимот во првата германската Бундеслигата, а бидејќи се работи за близок пријател на Крос, Тони не криеше дека отсега е фан број еден на составот од Хамбург.

– Сега станувам страствен фан на Хамбургер и се оддалечувам од моите уверувања…. Ти посакувам се најдобро Бауми, – гласи пораката на Тони Крос.

Со лошата серија на резултати во последните четири рунди, Хамбургер отпадна од двете места кои водат директно во Бундеслигата, па јасно е дека цел на пријателот на Крос ќе биде да го врати тимот во германската елита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни