Поврзете се со нас

Европски првенства

Крос им одговори на Хоселу и Де ла Фуенте: Ќе се видиме во петок

Објавено

на

Тони Крос како клучен играч на Германија излезе да се соочи со новинарите пред големото европско дерби кое се игра во петок, она меѓу домаќинот на турнирот и најразиграниот тим на Европското првенство.

Германија се надева дека ќе ја искористи поддршката од домашната публика за да прекине една црна серија која ја има против шпанската репрезентација, а Крос на пресот мораше да се занимава и со изјави кои претходеа на неговото излагање во јавноста.

Искусниот играч за врска му одговори на Хоселу кој денеска посочи дека целта на Шпанците е да го пензионираат Тони во петок, но и на шпанскиот селектор Де ла Фуенте кој некое време е пресамоуверен и вели дека нема подобар тим од Шпанија на европскиот шампионат.

– Ја слушнав изјавата на Хоселу, го вели тоа зошто сака да победи. Ја сфаќам неговата поента, сака Шпанија да игра во полуфинале, но Германија поседува доста ресурси за да избегнеме такво нешто. Ќе направам се за да не биде така какошто замислил.

– Де ла Фуенте? Секогаш ми се допаѓа кога играчите и тренерите имаат преголема самодоверба за да кажат такви работи. Јас гледам поинаку на работите, но сакам да имаат самодоверба. Треба да го покажат тоа што го кажаа и на дело, јас гледам на натпреварот со шанси 50-50. Станува збор за две добри екипи, деталите ќе одлучуваат и ќе победи оној што ќе добие повеќе дуели во средниот ред. Не можам да кажам ништо лошо за нив, ќе видиме во петок кој е подобар на теренот, – изјави Крос, кој за крај ја искоментира и изјавата на Јенс Леман, кој пак вчера го потцени шпанскиот тим такашто заклучи дека изгледаат како „младинска селекција“.

– Изјавата на Ленс не ја дели никој од германскиот тим. Тој секогаш имал поинакво мислење од останатите. Шпанија има искуство во тимот, ги има Родри, Мората, Начо, Карвахал. Не е точно тоа што го вели Леман, ја очекуваме најдобрата Шпанија во петок. Сите со нетрпение го чекаме почетокот на мечот, – заврши Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни