Поврзете се со нас

Европски првенства

Крос и Гундоган ги предводат Германците на отворањето на ЕП против Шкотска

Објавено

на

https://twitter.com/DFB_Team_EN

Германската фудбалска репрезентација ќе го отвори Европското првенство со дуел против Шкотска, а домаќинот и фаворит на оваа средба не направи изненадувања во однос на почетниот состав.

Селекторот Јулијан Нагелсман го потврди статусот на Мануел Нојер како прв голман на Германија, а темпото ќе го диктираат искусните Тони Крос и Илкај Гундоган, кои треба да доминираат во средниот ред.

Каи Хаверц е прв избор на напаѓачката позиција за Нагелсман, а во офанзивниот дел тука се и Вирц и Мусиала.

Германија: Нојер, Кимих, Ридигер, Та, Мителштад, Андрих, Крос, Гундоган, Вирц, Мусиала, Хаверц.

Шкотска: Ган, Ралстон, Хендри, Портус, Тирни, Робертсон, Кристи, МекГрегор, МекТоминеј, МекГин, Адамс.

Натпреварот во Минхен започнува во 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни