Поврзете се со нас

Шпанија

Крос го одработи својот последен ден како член на Реал и не заборави да испрати порака

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тони Крос полека сее подготвува за четвртфиналето на Европското првенство и чека да дознае кој ривал ќе го добие Германија, но во меѓувреме се наврати и на блескавите моменети кои ги доживеа на клупски план.

Крос го одигра последниот меч во кариерата како играч на Реал Мадрид на 1-ви јуни и ја освои шестата титула во Лигата на шампиони, а денеска го одработува последниот ден од договорот како член на „кралскиот клуб“.

Тони од утре за првпат ќе биде без договор со еден клуб и може да размислува за следните предзивици кои ќе ги има во животот, но претходно ќе мора уште малку да се фокусира на Европското првенство.

Крос се обидува да ја заврши кариерата со освоен трофеј и на континенталниот собир, но пред да дојде до завршниот бран, не заборави да ја заокружи својата незаборавна етапа во Реал.

– Првата слика го покажува делот кој недостасува од втората слика! Денеска официјално е мојот последен ден како играч на Реал Мадрид. Се чувствувам чудно, но секогаш ќе бидам еден од вас. Засекогаш благодарен!, – порача Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни